Фигура 7 копия 4 Untitled-1
  • VEKA Профили

Предност изолација

Термоизолација


Кога станува збор за топлинска изолација на објект прозорците и вратите се најважните фактори. Со правилно користење на голем број мерки може да ги искористите најголемите енергетски потенцијали.

VEKA профилите подразбираат спроведување на стандарди и пропишани законите за топлинска изолација како за нова градба, така и за реновирани објекти. Исто така, многу лесно се постигнуваат високи стандарди, утврдени со новите правила за заштеда на енергијата (EnEV).

Кога станува збор за топлинска изолација на прозорците, најважната ставка е коефициентот на пренос на топлина (т.н. U-вредност). Користејќи специјални термо стакла и висококвалитетен пвц профил VEKA и нивната повеќекоморна технологија, се постигнуваат оптимални резултати.

Прозорците на VEKA не ги исполнуваат сите овие барања само со нивниот атрактивен дизајн, туку и со своите извонредни внатрешни вредности: издржливост, високи изолациски повеќекоморни системи ги намалуваат трошоците за греење и обезбедуваат максимална заштита и безбедност. Оптималната заштита од бучава го зголемува квалитетот и нивото на удобност, а материјалот е лесен за одржување, водоотпорен, стабилен и дава атрактивен изглед на прозорецот. Металните засилувања кои се компатибилни со VEKA системите гарантираат високо ниво на безбедност.